Андоновски до Жерновски: Да земете атлас и да ги поднаучите знамињата кога веќе 25 години државата ви го плаќа и данокот!

0
536

Добро би било, затоа што сте во дипломатија, да земете атлас и да ги поднаучите знамињата, му порача Стефан Андоновски, советник за меѓународни односи од ВМРО-ДПМНЕ, на заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски во Само вистина. Пред десетина дена Жерновски ѝ се заблагодари на Холандија за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, но со знамето на Јемен.

Андоновски го праша Жерновски што точно направил за граѓаните во 25-годишната кариера како политичар во Македонија, укажувајќи дека до сега граѓаните се сеќаваат само на она мало „плоштатче“ со две клупи и две канти за ѓубре од време кога бил градоначалник на општина Центар.

Вие сте 25 години во политика. За 25 години, еден денар немате платено данок, туку државата ви плаќа вас, преку Град Скопје, преку министерство, и ме интересира што вие имате донесено за овие 25 години за Република Македонија? Дали имате донесено некоја инвестиција, дали со некој проект сте ја намалиле невработеноста, дали сте изградиле нешто, праша Андоновски.

Коментирај