Андоновски: СДС скрати 1.5 милијарди денари од буџетот за образование и создадоа вистински хаос

0
781

Владата на СДС за само 100 дена во образованието создаде хаос. Владата за само 100 дена во образованието изврши само блокирање, кратење и укинување. Владата на Зоран Заев нема ниту еден спроведен проект за образованието. СДС во текот на изборите ветуваше подобро образование и квалитетна настава. СДС вети, СДС излажа! Од позиција на власт СДС скрати 1.5 милијарди денари од буџетот за образование, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Да почитувани граѓани, тоа се 1.5 милијарди денари помалку, за изградба и реконструкција на студентски домови, основни и средни училишта, универзитети, факултети, спортски сали и превод на стручна литература од најдобрите светски автори. Зоран Заев, Рената Десковска и Стефан Богоев одеа помеѓу младите и ветуваа подобар студентски стандард, подобри услови за студирање и квалитетно високо образование, за сега истите тие луѓе од позиција на власт со ребалансот на буџетот, да кратат 213 милиони денари кои беа наменети за изградба и реконструкција на универзитетии факултети. Расипничката влада на СДС и Зоран Заев и Стефан Богоев скрати цели 155 милиони денари за изградба и реконструкција на студентски домови. Тоа се истите тие Заев и Богоев кои секоја недела одеа во студентските домови и даваа изјави дека таму е катастрофална состојбата, истакна Стефан Андоновски.

Антиреформската влада на СДС, додаде тој, го укина екстерното тестирање, без да спроведе соодветна анализа од ефектите од истото, неговите позитивни и негативни страни.

-Владата уште на една од првите седници отпочна постапка за укинување на Кембриџ програмата по која учат младите во најдобрите училишта во светот со што го уназадува квалитетот на образованието. СДС во образованието создава вистински хаос. СДС крати на развојни проекти, и со тоа на долг рок го уништува македонското образование, кое ќе се соочи со паднат квалитет. Затоа на престојните локални избори на 15-ти октомври, младите ќе ги казнат СДС за празните ветувања и манипулации, и нивното неодговорно владеење.

Извор: Курир.мк

Коментирај