Андоновска: Ги нема ветените паркови и зеленило – Наумовски и советниците од СДС во сред парк ќе градат огромна зграда

0
610

„Почитувани граѓани на Ѓорче Петров, Како советник во општина Ѓ.П од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, должна сум да ве информирам дека на денешната седница на советот, градоначалникот Наумовски и советниците од СДС донесоа одлука, во сред парк во Ѓорче Петров, да направат огромна зграда!

Замислете во единствениот парк кој го имаме, тие ќе градат зграда! До вчера не убедуваа дека ќе изграделе други паркови како и тоа дека ќе се залагаат за нови зелени површини! (Видео во продолжение).

Ниту нови паркови има, а и она малку зеленило што го имаме, ќе се одземе од граѓаните, во интетес на личните интетеси на поединци од СДС!

Градоначалникот на директно прашање, дали има личен имот на местото во паркот каде се предвидува новата зграда, одговори потврдно! Иако призна, граѓаните нема да му простат! Паркот не го даваме!“

Фејсбук објава на Марија Андоновска, советник во општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Коментирај