АНАЛИЗА: Соросовите структури зад протестот на работниците во Крива Паланка

0
2603

Граѓаните на Крива Паланка, во текот на завчерашниот ден беа сведоци на еден настан кој остави многу неоговорени прашања.

Имено, во текот на завчерашниот ден некаде околу пладне работничките од  чевларската фабрика КАДОРО ОТО  инаку италијанска инвестиција која повеќе од осум години опстојува во Крива Паланка, започнуваат со протестен марш низ главната улица , од фабриката па се до плоштадот пред општина Крива Паланка. Официјално причина за протестниот марш е тоа што вработените во фабриката веќе третти месец немаат земано плата и се оставени без здравствено осигурување.

Но она што беше забележително во самата организација на настанот како и начинот на кој што се одвиваше, преку присуството на неколку лица на настанот па се до начинот на информирање за  настанот остави многу сомнежи за кои , два дена потоа коментираат граѓаните на овој мирен град на северо-истокот на Македонија.

rabotnik

Ако од целиот настан се изземеме фактот дека работниците навистина три месеци немаат земано плата од прични познати за сопственикот од Италија, за кои се шпекулира дека се од здравствена природа, она што останува е веќе видено за време на т.н. шарена револуција која што претходеше на т.н. тиранска платформа за која деновиве се води борба во собранието на РМ.

Самиот настан беше организиран од Здружението Тивко мнозинство – Гласно од Штип и Хелсиншкиот комитет, но свесно или намерни при информирањето за настанот се откри и пошироката мрежа на соучесници, ментори и идеолози на овој и на многу други настани.

Имено Здружението Гласно е познато како здружение кое е дел од соросоидната мрежа која за своја таргет група ги има вработените во текстилната и кожарската индустрија и има за цел преку злоупотреба на положбата и матријалната состојба на оваа категорија на граѓани да креира социјални немири и да ги насочува кон политичката партија СДСМ а преку тоа да ги активира граѓаните да се приклучат на определени антидржавни иницијативи. Друга многу јасна цел на ова соросоидно здружение е преку разни форми на притисоци да иницира чуство на несигурност кај инвеститорите со цел нивно повлекување од инвестициите и создавање на уште по плодна почва за дејствување на здружението, јавувајќи се во функција на заштитник на оние кои поради нив останале без егзистенција.

Од друга страна како организатор на настанот се јавува Хелсиншкиот комитет кој исто така се докажа за време, пред и по шарената револуција.

Во прилог дека агендата на Хелсиншкиот комитет воопшто не е искрена туку напротив е крајно деструктивна и лицемерна е тоа што додека тие се јавуваат како организатори на протест на работници кои не земале плата, во исто време објавуваат повик за проекти за невладини организации, на кои ќе доделат по 15.000 евра за поддршка и помош на мигранти. Доколку нивните намери се искрени, истите средства би биле наменети за помош на лицата кои ги поттикнуваат на протести.

hels1

Во целата ситуација, особено загрижувачки е фактот што видеото од протестот кое беше објавено на Youtube, а потоа презенамо од соросовите портали е објавено од Youtube каналот CIVIL Macedonia, кој е официјален канал на истоимената невладина организација и нејзиниот гласноговорник Петрит Сарачини, повторно од мрежата на Сорос.

civil 1

Civil Macedonia ја паметиме како организатор на т.н. шарена револуција или поточно агресивниот дел од демонстрантите кои и ден денеска се гордеат со своите дела а посебно со сквернавењето на Порта Македонија и посебниот осврт кој го имаа кон уништувањето на македонските национални симболи на портата.

civil1

Она што беше забележително за време на целиот настан беше присуството на претседателот и дел од раководството на СДСМ од Крива Паланка кои беа во непосредна близина на групата која што протестираше што ја откри и политичката поврзаност на протестот со СДСМ за што дополнителна потврда даде и присуството на членови на СДСМ кои воопшто не се вработени во фабриката КАДОРО ОТО.

Од тука стана јасно дека целата организација на протестниот марш имаше политичка агенда во која злоупотребувајќи ја тешката состојба во која се наоѓаат вработените кои неколку месеци се без плата некој се обиде да атакува врз локалната самоуправа  и градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски  со што би требало да биде нанесена политичка штета врз угледот и рејтингот на градоначалникот и политичката партија  ВМРО-ДПМНЕ која што тој ја претставува.

Дополнителен сомнеж околу искреноста на намерите на протестот фрлија уште неколку факти, како на пример бројката на протестантите која што според нивни извори броела околу 200 протестанти а од друга страна вкупниот број на вработени во фабриката моментално изнесува околу 95 од кои определен број на вработени не се приклучиле на протестот, што од друга страна го објаснува присуството на активистите на СДСМ во толпата, и јасно говори за вистинските мотиви на протестот.

rabotnik 2Од друга страна доказ дека самиот протест беше само груба манипулација е и фактот дека беше организиран со голем број на реквизити кои чинат солидна сума на пари што не одговара на протест на лица кои три месеци немаат земано плата и исто така истиот беше проследен со пароли како НЕМА ПЛАТА НЕМА МИР кои беа упатени кон општината и градоначалникот, имајќи во предвид дека тоа прашање воопшто не е во делот на надлежностите   на општината.

Протестот беше проследен со извикување на пароли со повик до градоначалникот на кој тој се одзва и се сретна со протестантите за да одблизу се информира за проблемот.

Откако беше запознаен со проблемот заедно со претставници од протестантите се упати кон фабриката за да се сретне со одговорните лица во медијаторска улога и обид да се изнајде решение по  што добил цврсти гаранции дека проблемот за брзо време ќе биде надминат, и на тој начин со брзата интервенција на градоначалникот Алексовски беше спречена намерата за манипулација и поигрување со несреќата на граѓаните на Крива Паланка и беше откриено вистинското лице на организаторите на настанот кои всушност имале намера  што подолго да ја одржуваат тешката состојба на работниците за да имаат критична маса на луѓе за создавање на социјални немири.

Во текот на самиот настан и веќе два дена подоцна граѓаните на Крива Паланка преку препознавање на ликовите кои беа организатори на протестот како на пример ликот на лицето Горан Трајков од Штип кој го паметиме како истакнат учесник во срамната шарена револуција.

sdsm org

Само очилата за сонце на овој соросов активист вредат веројатно колку половина од вкупниот износ на платите на работничките со кои што манипулираше, а кои ја препознаа улогата на соросоидните организации и врската со СДСМ и нивната улога во креирањето на политичката криза во Македонија која што требаше да биде финализирана со т.н. Тиранска платформа и сè што требаше да произлезе од нејзе. Со која што наместо ветените 500 евра просечна плата од страна на СДСМ, на граѓаните на Македонија им беше испорачана двојазичност и обид за федерализација.

По сите овие настани и срамни обиди за манипулација СДСМ никогаш повеќе нема да ја добие довербата на граѓаните, деновиве коментираат Кривопаланчани.

Коментирај