Анализа од читател на ЈАВНО.МК: Околу изборите и иднината …

0
412

Според мене, секој кој тука живее, кој следи, кој се нервира за разни состојби, треба да искочи и да гласа…Тоа ти е како да сакаш да каснеш патлиџан и идеш на пазар, точно таму има секакви патлиџани, но прошетај, разгледај, информирај се, одбери од тоа што е таму…

…некои биле разочарани и незнам што, ок и јас сум разочаран од многу нешта и што, што сум постигнал ако не гласам ??? …други ќе гласаат и според нивните гласови ќе се оформи влада која ќе ја води земјава и во наредни 4 години. За тие што не се замараат ги разбирам, но не ги разбирам тие што цело време нешто реагираат, се бунтуваат, пишуваат на фб, а кога доаѓаат твоите 5 минути, единствените 5 минути во 4 години, во кои твојот глас има некаква вредност се барааат некакви изговори…

За кој да се гласа?

Прво, гласај за некоја македонска партија, затоа што колку повеќе македонците не излегуваат на гласање, толку повеќе албанците добиваат, тоа се факти и барањата како што се задолжително учење на албански за македонците од 5 оделение, нова химна прикладна на албанците, двојно одлучување од македонец и албанец во најважните институции, албанец премиер и сл. можеби денес се предизборна реторика, но ако се зголемува бројот на албанци пратеници за сметка на македонците, тоа наскоро ќе биде реалност. Мислам браво за нив, јас ги почитувам, ама они веќе имаат 3 држави на балканов, а ние последната ја губиме со брзина на светлината…затоа излезете гласајте !

За која македонска партија?

Системот кај нас е така поставен да помалите партии едноставно неможат ништо да направат. Почитувам и таква определба, НО што ќе направи некоја малечка партија со 1 или 2 пратеници ? Ништо, само ќе се приклони кон едниот или другиот табор во парламент. По мене тие гласови се гласови фрлени во ветер.

Остануваат ВМРО и СДС

И тука го почитувам изборот, јас сум десничар и конзервативец по идеологија, и без оглед на тоа, би се помирил СДС да биде на власт и 8 и 18 години, НО, ако тоа го заслужи со резултати подобри од ВМРО (само ако така се натпреваруваат кој ќе направи повеќе државата ќе оди напред). Пример: Ако ВМРО донесе 100 фабрики, СДС да донесе 120, ако со ВМРО сме биле во Топ 10 реформатори во светот, со СДС да влеземе во Топ 8, ако ВМРО направи 3 автопати, СДС да направи 4, ако ВМРО направи 5 капитални музеи и театри, другиве 7 да напраат, ако ВМРО купи нови автобуси и возови, овие да донесеа Трамвај на пример, ако ВМРО го направи крстот на водно и жичарата и сите булевари и катни гаражи и плоштади, овие да направат троа повеќе, ако во време на ВМРО се изгради стадионот Филип 2-ри, големите сали “Борис Трајковски” и “Јане Сандански”, 35 големи спортски сали, 140 училишни сали, 50 фудбалски терени, 100 тениски игралишта, 100 повеќенаменски спортски игралишта, овие да направеа бар приближно исто, ако ВМРО го направи системот за спас на Дојранско езеро, Плаошник и Заливот на коските во Охрид, плажите во Преспа, СДС да направеа бар нешто слично на тоа….

За жал, од изминативе години нема БУКВАЛНО НИТУ еден капитален проект-објект што е изграден, што ќе остане за народ, што неможе да се покраде и однесе дома, се што се изгради е од време на ВМРО, …ама затоа од изминативе години има куп лаги…живот за сите, дека нема да се менува името, дека нема да има двојазичност, дека ќе има 500 евра плата за сите, 100.000 за докторите, нов клинички центар во Ѓорче, чист воздух, ќе се врателе младите, правда и справување со криминал и корупција и уште многууу др.работи.

…секој нека си размисли, мислам дека после неколку години се избистрија многу работи кој и колку може за народ, кој и за што беше донесен на власт, кој е посакуван за власт од околните соседи кои активно работат да снема се што е македонско…

Писмо/коментар/анализа од читател на ЈАВНО.МК кој сака да остане анонимен

Коментирај