Анализа: Каде на планетава се концентрирани богаташите и на што трошат пари

0
198

Кога ќе се направи есап каде најбогатите луѓе во планетарни рамки купуваат имот, испаѓа дека светската богаташка елита е собрана во само 10 града во светот.

Во оваа категорија спаѓаат сите кои имаат над 30 милиони долари. Според бритаснките истражувања , најголемиот број милијардери живеат во метрополите, поради животниот стил, болниците , бизнис условите и инфраструктурата.

Според оваа статистика, најголем број најбогати живеат во Лондон, Токио и Сингапур. Во Лондон живеат најголем број ултра богати – над 5 000. Зад Лондон се уште два европски града и тоа Цирих и Париз.

Европа е најголемиот центар на богатата популација на светско ниво. Според последните податоци на светот има над 20 милиони луѓе , чие богатство изнесува над милион долари и тоа е рекорден број.

Единствениот град во САД на листата е Њујорк, без оглед на бројот на милионерите, а во Јужна Америка е бразилскиот град Сао Паоло.

Кога станува збор за Азија, од каде доаѓаат сè поголем број милионери, освен Сингапур на листата е Токио, Сеул, Тајпеј и Пекинг. Новите милијардери кои доаѓаат од Кина сè почесто се решаваат да живеат во Европа.

Лани дури четвртина на купувачите на недвижности во Лондон, чија вредност била над 2,5 милиони долари, биле кинеските милијардери.

Во анализата е утврдено и каде новите милионери ги трошат парите. Тие купуваат ретки и скапоцени предмети, како што се ретки видови виски, монети, марки, часовници, вина и автомобили.

На дното на листата на предмети што ги купуваат најбогатите на светот се најдоа уметничките дела, дијамантите и накитот.

Извор: taratur.mk

Коментирај