Амнестија за Заев, Катица и Боки 13 – Доживотен мандат за Русковска и Јовевски со новиот Закон за ЈО

0
3993

Амнестија за Зоран Заев, Катица Јанева и Боки 13 е главната цел на инсистирањето на СДСМ да се донесе новиот закон за јавно обвинителство, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Заев сака да не важат како докази снимките за рекетот и криминалите во кои се инволвирани тој и неговите соработници.

Без да ја почитува волјата на граѓаните, со измами, криминал и корупција Зоран Заев го започна својот мандат. На ист начин, шверцерски и криминално, три години подоцна го завршува мандатот баш како што го започна и практикуваше, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека насилното туркање на Законот за обвинителство е уште една потврда дека во Република Македонија владее хибриден режим.

Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев сака на шверцерски начин да го изгласа Законот за Јавно обвинителство, а крајната цел на ваквото законско решение е да се спасат од одговорност за сите криминални афери изминативе 3 години, пишува во партиското соопштение.

Амнестијата на криминално рекетарската банда за СДСМ, додаваат, е поважна од забелешките на правните експерти кои жестоко го критикуваа законското решение на Заев.

Она што го нуди Заев со Законот за јавно обвинителство е доживотен мандат за Вилма Русковска и Љубомир Јовевски кои ќе можат да се сменат само со 2/3 мнозинство во Советот на јавни обвинители. На овој начин Заев се осигурува дека делата против него никогаш нема да бидат преточени во обвиненија, а Русковска и Јовевски ќе продолжат со селективната правда и ќе ги извршуваат неговите наредби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е причината поради која СДСМ е подготвено по секоја цена дури и на шверцерски начин, кршејќи го собранискиот Деловник, Уставот и законите да го протурка новиот Закон за обвинителство.

Ниту еден закон нема да ја спаси власта од одговорност. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои што изминатите три години наместо да го гонат го штитеа криминалот и корупцијата. По 12 април ќе се врати правдата во и за Македонија, а владеењето на Зоран Заев нема да се повтори никогаш повеќе, се вели во соопштението.

Коментирај