Американците шокирани: Владе Дивац излезе од џип и пукаше со пушка среде бел ден!

0
296

Генерален директор на Сакраменто Кингс, а некогаш славен кошаркар Владе Дивац е во центарот на вниманието поради прославата на православен Божиќ.

По традиција, Србите кои се отселиле во Америка, се собираат во Џексон и Чикаго и заедно пукаат од пушки, по што ги собираат испуканите чаури.

Иако Американците останаа зачудени кога го видоа Дивац како излегува од џип со пушка во раце, сепак организаторите на прославата тврдат дека имале дозвола од локалната полиција.

После пукањето, сите заедно одат во црква, а потоа со печено прасе одат во неколку куќи.

Извор: sportski.mk

Коментирај