Американскиот Стејт департмент објави колку Македонци добија иселенички визи на американската лотарија

0
275

Американскиот Стејт департмент ги објави податоци за американската лотарија. Речиси 84.000 апликанти се избрани случајно од системот, од околу 15 милиони апликации за програмата „ДВ 2020“.

Според бројот на оние кои добиле позитивен одговор на прво место е Русија со 5.118, а веднаш зад неа е Албанија со 3.603, потоа следуваат Украина со околу три илјади и Турција со 2.709.

Нашите соседни земји се чини дека имаат помал интерес за американскиот сон, бидејќи избрани се 260 граѓани од Косово, 249 од Македонија и само 35 од Црна Гора, објавија албанските медиуми.

Коментирај