Американски лекари: Лежењето на стомак им го спасува животот на заболените од корона

0
913

Американски лекари откриле дека доколку заболени од коронавирус лежат на стомак, тоа може да им го спаси животот, јави Си-Ен-Ен, додавајќи дека со тоа количината на кислород во белите дробови на пациентите се зголемува.

Така спасуваме животи, 100 отсто. Тоа е толку лесно да се направи и видовме огромно подобрување кај пациентите, вели д-р Мангала Наришман, директор на одделение за тешко болни во мрежата за здравствена нега „Northwell Health“, мрежа од 23 болници во Њујорк.

Како што објаснува Си-Ен-Ен, пациентите кои се заразени со коронавирусот, често умираат од синдром на Акутен респираторен дистрес синдорм (АРДС), што е предизвикано од оштетување на белодробниот паренхим.

Од тој синдром умираат луѓе кои имаат грип, пневмонија.

Пред седум години, француски лекари објавија статија во која се нагласува дека пациентите со АРДС кои биле на респиратори, имаат помала веројатност да починат ако се свртат на стомак.

Си-Ен-Ен наведува дека американските лекари на тој начин спасиле пациент на Лонг Ајленд – во таа положба кај пациентот стапката на заситеност со кислород се зголемила од 85 на 98 проценти.

Пациентите обично остануваат да лежат така околу 16 часа на ден, а остатокот од времето лежат на грб.

Коментирај