Алисоки ја почуствува лудоста на Биелса: Со соиграчите три часаа собираа ѓубре околу стадионот

0
546

Актуелниот менаџер на Лидс, Марсело Биелса важи за интересен човек во светот на фудбалот, а до каде може да оди неговиот начин на работа почуствува и нашиот Егзијан Алиоски кој е како што е познато е член на тој клуб.

Биелса и во Лидс започна да покажува дека не за „џабе“ го носи прекарот „лудак“, кој некогаш е сепак претеран. Сега тој Алисоки и неговите соиграчи ги научи на една важна лекција.

Цените на влезниците, посебно сезонските карти во англискиот фудбал воопшто не се наивни. Кога Биелса дознал колку треба да се плати за една влезница тој пресметал дека на еден просечен навивач потребни му се три часа работа за да заработи за еден натпревар.

Порати тоа Аргентинецот ги испратил фудбалерите на Лидс три часа да чистат ѓубре во околината на стадионот.Една од целите беше дополнително да се привлечат гледачите, но и играчите да сфатат колку мораат да ги ценат навивачите кои секоја недела се на стадионот за да навиваат за нив.

Извор: sportski.mk

Коментирај