Алијанса за Албанците: ДУИ го тероризира инспекторот за образование Илиевски

0
123

Народната поговорка „Волкот влакното го менува, но занаетот не“ наликува на однесувањето на ДУИ, која го менува својот коалициски партнер, но навиките за притисок врз оние кои ги откриваат нивните валкани работи не ги менува, велат од Алијанса за Албанците.

Инспекторот Илиевски: Адеми и Нухиу ме замолија да го сокријам случајот

Ова се случува дури и со независен инспектор за образование, Ѓорѓи Илиевски врз кого се прави огромен притисок и терор поради тоа што им ги откри скандалите во ДУТ, поврзани со академските звања на високите претставници на ДУИ, министерот за образование Арбр Адеми и заменик министерот на МВР, Агим Нухиу, кои ги стекнале истите незаконски.

ДУИ и министерот Арбр Адеми, секако дека влијаеле и врз инспекторатот за образование кој е во надлежност на министерот Адеми, бидејќи истиот се дистанцираше и се огради од обвинувањата на инспекторот за образование г-дин Илиевски.

Крајно време е да Јавното Обвинителство се справи со овој скандал и да се добие законска и правна завршница, уште повеќе за да се испита дали навистина е извршен притисок и мобинг врз висок државен инспектор, кој самиот изјави дека лично заменик министерот на МВР, Агим Нухиу му се има јавено неколку пати за да не се објавуваат наодите кои ги имаат откриено во ДУТ, додаваат од АА.

Извор:република.мк

 

Коментирај