Алфите приведоа неколку малолетници од протестот: МВР ги снима Македонците и ги запишува во црни тефтери

0
2383

Невообичаено силно полициско присуство на протестот против штетниот договор за промена на името на Република Македонија, што го органзира навивачката група „Комити“.

Она што беше повеќе од очигледно е присуството на фотографи и сниматели од патриското МВР на Оливер Спасовски, кои ја снимаат толпата, а снимките (најверојатно) ќе бидат искористени за идентификација на присутните.

Policija-protest-Komiti-pred-Sobranie-1

Но, тоа не ги поколеба илјадниците граѓани предводени од навивачката група Комити да му порачаат на Заев дека нашето вековно и Библијско име не е за продавање. Народот пред Собранието на Република Македонија со транспаренти и знамиња и со родољубни песни граѓани ја бранеше историјата и името на нашата држвата.

На крајот од протестот, кога луѓето почнаа да се упатуваат кон своите домови, на сцена настапија припадниците на специјалната полициска единица „Алфи“ за кои, очевидци, за ЈАВНО.МК велат дека привеле десетина малолетници без никаков повод и причина.

Имено, по завршувањето на протестот, група од 15-тина деца поминале пред Градскиот клинички центар (карши Зелено пазарче) и минувајќи крај зградите покрај паркингот на болницата биле опколени од полицајци во цивилка (Алфи) од кои две групи ги пресретнале од напред, а 3-4 цивилни полициски лица им се прикрале зад грб и опочнале да ги бркаат, по што децата во паника се разбегале, а Алфите фатиле дел од нив.

„Децата не направија апсолутно никаков престап, навистина беа примерни, дури не ни викаа, нити скандираа нешто. Одеа едно зад друго покрај зградата, а Алфите им се пуштија од зад грб следејќи ги и чекајќи ги да влезат во темниот простор за да може да ги уапсат. Откако настана брканица и координација по ’моторолите’ дел од децата се разбегаа, а дел беа фатени. Оние што ги фатија, ги донесоа кај влезот на Градската болница, и за кратко ги внесоа во 3-4 коли кои претходно беа таму паркирани и ги однесоа во станица“, раскажува за ЈАВНО.МК очевидец на настанот.

Protest-Komiti-pres-SobranieМинувачите, меѓу кои и лидер на една од помалите политички партии, кои случајно се нашле на местото на настанот реагирале до цивилните полицајци да ги пуштат децата и да не ги малтретираат беспотребно бидејќи навистина не сториле ништо, а еден од Алфите им пришол и ги убедувал дека, наводно, само ќе ги евидентираат и ќе ги пуштат.

Кратко време откако заминаа Алфите се автомобилите, се појави и едно од момчињата кое „се спасило“ да не биде приведено, истото за ЈАВНО.МК изјави:

„Ништо не направивме за да не бркаат и апсат Алфите. Ги барам другарите, не можам да ги најдам, никој не се јавува на мобилен“ и продолжува да раскажува „Штом заврши протестот минувајќи низ ’Градска’ тргнавме накај автобуска, за да си одиме дома и од еднаш почнаа да ни викаат и да не бркаат Алфи и голем дел од нас фатија, но јас успеав да избегам. Ова ни го прават намерно за да не заплашат, но не им се плашиме, нема зошто. Ние не сме криминалци, ниту деликвенти, не сме направиле ништо лошо. Бевме на протестот на ’Комити‘ против промена на името на нашата татковина. Колку што знам не е грев да се брани името на Македнија?!“

Насобраните луѓе, очевидци, кои беа видно револтирани од однесувањето на Алфите го замолија момчето да тргне со нив, за да не го приведат и него, бидејќи центарот на градот беше буквално преплавен од униформирани, но и неуниформирани полициски службеници.

Policija-protest-Komiti-pred-Sobranie

 

Фото: Република.мк / Јавно.мк

Коментирај