Aлексовски: Остваривме повеќе од тоа што го ветивме

0
252

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, синоќа оствари средби со жителите на населбите Домачки Дол и Лозаново, на кои во обраќањето истакна дека во овие места се реазлизирани и проекти кои не биле ветени.

– Моите трибини ги почнувам не со ветувања, туку со она што е направено, а ветивме и остваривме многу проекти во општината, и дополнително, во овие населби се реазлизирани проекти кои не беа ветени. Ги асфалтиравме предвидените улици во Лозаново, а и неколку други, за кои не ветивме. Го направивме патот до испосницата, ја изградивме испосницата на Св. Јоаким Осоговски, рече на средбата со жителите на населбите Домачки Дол и Лозаново, Алексовски.

Тој ги презентираше и проектите за дорегулација на речното корито на Крива Река и доуредување на пешачката и ролерско-велосипедската патека во кејот на реката, кои се планира, како што рече, да бидат изградени.

Претходно Алексовски оствари средби и со жителите на населба Бавчалак, улиците: Херој Карпош и Ратко Минев и населба Трештен дол. (МИА)

Извор: Курир

Коментирај