Александра Пријовиќ му верува на сопругот: „Никогаш не му го проверувам телефонот!“

0
107

Последните неколку недели во српските медиуми повторно се шпекулира за тоа дали Филип Живојиновиќ е неверен кон својата сопруга, пејачката Александра Пријовиќ, додак беше бремена, но и откако на свет го донесе нивниот син Александар.

Пријовиќ овие приказни ги демантираше, и наведе дека во нивниот брак се функционира совршено, но и дека Филип секојдневно и помага околу одгледувањето на синот.

Пејачката сега уште еднаш го потврди ова, па истакна дека не и пречи кога други девојки гледаат во нејзиниот сопруг, но и дека никогаш не му го проверува телефонот и пораките.

Не ми пречи кога го гледаат. Подобро да гледаат, отколку да не гледаат, тогаш тоа не е добро. Никогаш не сум го земала неговиот телефон да читам, нема потреба“, изјави Александра за српските медиуми.

Извор:република.мк

Коментирај