Александар Пандов: Радмило, каде се парите од рекетот?

0
864

Политичкиот аналитичар Александар Пандов на својот Фејсбук профил пишува дека во ниеден момент немал двоумење дека министерката Радмила Шекеринска има важна улога во рекетарската мрежа.

Шеќеринска е нервозна, бесна и хистерична и има причина за тоа! Секако тоа не се пишувањата на Република, Инфомакс или било кој друг медиум, уште помалку причина се секојдневните нејзини прозивки од граѓаните по социјалните мрежи.
Сите можевме да го слушнеме Боки Тредичи како го уверува Орце во цврстината на тоа дека ,,зборот е збор” со тврдењето дека истата вечер кога ќе му биде гостин Бобо на Орце, кај него дома во Орман му доаѓаат Шеќеринска и Катица да го ,,оверат” договореното меѓу нив! Истото можевме да го прочитаме од исказот на сведокот Орце Камчев кој го има дадено во Обвинителството. Јас од првиот момент немав двојба, а како гледам и најголемиот дел од граѓаните веруваат во тоа дека Шеќеринска има важна улога во оваа рекетарска мрежа! Единствено Јовевски, кој имал можност уште на втори мај да ги види во целост видео и аудио снимките, а и да го прочита исказот на Камчев, не што немал дилема, туку пред некој ден најексплицитно ни тврдеше дека нема никаква вмешаност на политичари во цела афера, додека Рускоска послушно климаше со глава. Па да ги прашам, Шеќеринска политичарка е или моден гуру?

Од тука единствената исправна работа што би можела во моментов Шеќеринска да направи е:

Прво да ни се заблагодари што скоро 30 години ја раниме и поиме од буџетот со наши, народни пари.

Второ во нивни, северџански стил, да ни се извини длабоко од срце па се до небо

Трето и најважно да си поднесе оставка, еве од морални причини (како Павле Боговски) и на раат во понатамошна судска постапка да ја докажува својата невиност. И од нејзе да е, многу е вака апла фатена со рацете во медот, да се заканува со тужби по новинари и медиуми. Или барем нека одговори, сигурно на таа близина со Боки, а башка како Вицепремиерка во Влада на Република Македонија и заменик претседателка на СДСМ знае, Радмило каде се парите од рекетот?, пишува Пандов.

Извор:република.мк

Коментирај