Албанците пресудија – Пендаровски нов претседател на Македонија

0
1782

Победа на Стево Пендаровски со 58.499 гласа разлика – ова е крајниот резултат од Државната изборна комисија по денешното гласање на претседателските избори. Пендаровски освои 436.212, односно 51,66% од гласовите, а Гордана Силјановска Давкова 377.713 или 44,73 проценти од гласовите. Неважечки се 30.442 ливчиња или 3,61 отсто од вкупниот број гласачки ливчиња кои се нашле во изборните кутии. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес конференцијата вечерва му честиташе на кандидатот на СДСМ, ДУИ и Коалицијата Стево Пендаровски изразувајќи надеж дека тој ќе ја извршува функцијата успешно во следните 5 години.

Она што е впечатливо е дека водството на Пендаровски дојде од општините каде има мнозинство албанско население. Силјановска освои повеќе гласови кај македонското население, но СДСМ благодарение на ДУИ успеа да ја зголеми таа минимална предност од 4.500 гласа која Пендаровски ја имаше по првиот круг од изборите.

Izbori-2019-rezultati-po-opstini

Еве во кои општини Пендаровски ја направи разликата од 66.000 гласови

Коментирај