Албански интелектуалци преку меморандум ќе бараат албанска додавка на името

0
819

Албански интелектуалци од земјава подготвуваат меморандум кој ќе му го достават на Заев, во кој ќе бараат и албанска додавка во решението за името во спорот со Грција, потврдува Шпетим Положани за провладините медиуми

Како што вели Положани, ДУИ не е легитимен претставник на Албанците во владата, па оттука ниту Али Ахмети и Бујар Османи не можат да зборуваат во нивно име. Затоа, тој и група на интелектуалци составуваат меморандум кој ќе му го достават на Заев во кој ќе бараат албанска додавка на новото решение за името со Грција.

– Албанците имаат историски легитимитет на овие простори и треба да се вклучат во процесот за решавање на спорот за името. Не ни пречи да остане уставното име, ниту пак, да се дојде до решение за ново име. Но, битно е со евентуалното ново име на државата да не се идентификуваат етничките Македонци. Во меморандумот што го подготвуваме бараме експерти Албанци да бидат вклучени во процесот, бидејќи ДУИ само дава бланко подршка на одлуките на македонската Влада – вели Положани.

Освен Положани, меѓу иницијаторите на меморандумот се споменуваат и професори и интелектуалци како Абдула Мемети, Арсим Синани, Авни Авдиу, Нијази Муамети и редица други.

За оваа група, симптоматично и неприфатливо е тоа што албанските опозициски партии како БЕСА и Алијанса на Албанците се комплетно исклучени од процесот.

Претходно, реагираше и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој изјави дека нема да дозволат словенизација на името Македонија но и дека се против новото име да биде напишано само на кирилично писмо без превод.

Коментирај