Актерката има 60, а љуби 19 години помладо момче: Шерон “уловена“ со Анџело (ФОТО)

0
467

Иако во последно време го крие својот приватен живот, холивудската ѕвезда Шерон Стоун (60) е повторно заљубена како тинејџерка.

Таа е „фатена“ во страстни прегратки во Шпанија, на Балеарските острови, каде се одмора со новиот партнер Анџело Бофо (41).

Шерон со италијанскиот продавач на недвижности се наводно во врска од почетокот на годинава, иако ниеден од нив тоа не го потврдува. Таблоидите одат дотаму што шпекулираат и со веридба, но за тоа ќе покаже времето.

-Децата веќе ми се пораснати и подготвена сум за нова врска, изјави Шерон Стоун во интервју.

Таа има тројца посвоени синови и тоа Роан Џозеф (18), Лерд Вон (13) и Квин Кели (12).

Извор: kurir.mk

Коментирај