Ако се соберат 150.000 потписи ќе следува нов референдум за името

0
139

Ќе се собираат 150 илјади потписи за распишување на нов референдум за името. Матичните собраниски комисии оценија дека е уредна инцијативата на Тодор Петров за распишување на дополнителен референдум за проверка на Одлуката на Собранието да ја преименува државата од Република Македонија во Република Северна Македонија со амандманите кои беа донесени во петокот, објави Сител.

Прашањето ќе биде: „Дали сте за промена на името во Република Северна Македонија?“.

Власта ја дозволи инцијативата иако сметаше дека таа е преуранета бидејки барањето за собирање на потписи е поднесено на 9 јануари, а одлуката на Собранието која треба да се провери е донесена на 11 јануари.

Против ваквата инцијатива беше само пратеникот Самка Ибраимовски за кого оваа инцијатива е непотребна екскурзија откако во петокот со двотретинско мнозинство ги направи измените на Уставот.

Собранискиот спикер Талат Џафери мислењето дека инцијативата е уредна треба да го испрати до Државната изборна комисија. Таа пак, треба да го извести предлагачот дека може во подрачните единици на министерството за правда да ги собира потписите.

Рокот за собирање на потребните 150 илјади потписи на избирачи е три месеци. По ова, според Уставот и законот за референдум, парламентот е должен да го распише референдумот.

Сепак, нема рок во кој Џафери ќе треба да го испрати известување до ДИК, ниту пак, рок во кој извештајот дека се собрани потписите треба да го стави на пленарна седница за да се констатира распишувањето на референдумот.

Извор: kurir.mk

Коментирај