Ако сакате вистинска љубов престанете да се гледате со овие типови на мажи!

0
853

Без разлика колку се „одлични“, почнете да ги избегнувате. Можат да ви подарат незаборавни ноќи, но не и сериозна врска. Често се наоѓате во привремени врски кои не ве задоволуваат? Значи дефинитивно се среќавате со погрешни мажи. Еве ги најчестите 5 типа на шармери кои треба да почнете да ги избегнувате уште сега:

1. Вечниот студент
Зошто да ги избегнувате: Тоа се луѓе кои сè уште не знаат што точно сакаат од животот. Во еден момент ќе се разбудите и ќе сфатите дека тој си пронашол совршена сопруга, а вие сте онаа со која си го пополнувал своето време.

2. Момчето на мама
Зошто да ги избегнувате: Бидејќи мајка му сè уште му ја пере неговата облека. Или затоа што никогаш нема да бидете толку добра колку неговата мајка, а овој факт секогаш ќе ве става на второ место.

3. Крал на каучот
Зошто да ги избегнувате: Човек кој никогаш не и дава ништо, емотивно и материјално, на вашата врска, но истовремено го сака сето тоа. Овој маж е совршен за две работи – пијани вечери и врнежливи денови. Ако не сакате да го потрошите целиот свој живот затворени дома, да се поправите 10 килограми и да изгубите било каква мотивација за живот, едноставно заминете од овој маж.

4. Лудиот пијаница
Зошто да ги избегнувате: Колку и да се забавни во кафеана нив животот им поминува во алкохол и тепачки. Често се весели но во еден момент можат да станат многу агресивни. Веруваме дека не ви требаат вакви стресови нели?

5. Принцот
Зошто да ги избегнувате: Вообичаено имаат повеќе огледала од самата вас и си прават селфи, за да проверат како изгледаат.  Точно е дека секоја жена ви завидува, но дефинитивно не вреди напорот. Во повеќето случаи, овие мажи имаат повеќе козметика од самите вас – балсами за усни, преси за коса и производи за разубавување… Некако не е баш машки нели?

Коментирај