Ако сакаш да не те критикуваат, не вели ништо, не прави ништо и биди никој

0
91

Аристотел бил филозоф и научник роден во македонскиот град Стагирa на полуостровот Халкидики. Неговите дела покриваат многу теми меѓу кои: физика, биологија, зоологија, метафизика, логика, етика, естетика, поезија, театар, музика, реторика, лингвистика и политика. Набрзо по смртта на Платон, Аристотел ја напуштил Атина и по барање на Филип II Македонски, го подучувал Александар Велики почнувајќи од 343 година пне.

Многу мудрости останале запаметени и запишани од негово време, а ние ви пренесуваме дел од нив.

1.Извонредноста не е случајност. Тоа е резултат на силна намера, искрен напор и паметна изведба. Таа претставува мудар избор помеѓу многу алтернативи.

2.Не постои голем ум кој не бил допрен од малку лудило.

3.Да се разгледува некоја мисла без таа да се прифати е одлика на образованиот ум.

4.За да пишуваш добро, изразувај се како обичниот човек, но мисли како мудрец.

5.Ако сакаш да не те критикуваат, не вели ништо, не прави ништо и биди никој.

6.Еден пријател вреди за 50 непријатели.

7.Тој кој ќе ги надмине своите стравови ќе ја почувствува вистинската слобода.

8.Се што прави човекот има седум причинители: природа, случајност, порив,навика, разум, страст и желба.

9.Многу е поважно да се организира и постигне мир, отколку да се победи во војна.

10.Среќата зависи од нас самите, од никој друг.

11. Сиромаштијата е родител на револуцијата и на злосторот.

Извор:hybread

Коментирај