Ако планирате одмор во Грција, ова никако не смеете да го носите со вас

0
5123

Грција годинава со измени за сите оние кои сакаат да го поминат одморот на оваа дестинација. Во Грција не е дозволено да се внесува месо, млеко и млечни производи од земјите кои не се дел од Европската Унија, а дозволено е со себе да понесете до два килограми млеко во прав за бебе, или пак храна за бебиња. Дозволено е да се внесат и до два килограми храна за миленици.

Кога станува збор за овошје и зеленчук може да се внесат до пет килограми, а што се однесува до алкохолот, може да се внесе од полнолетни лица, литро алкохол, 4 литри вино или 12 литри пиво.

Кога станува збор за цигари, можат да се внесат 40, додека за пари, треба да се пријават ако внесувате повеќе од 10.000 евра или повеќе од тоа.

Ако имате платено аранжман, ви требаат во просек 35 евра на ден. За лежалка нема да мора да дадете дополнително пари, ако земете пијалок, но за тоа треба да одвоите 5 евра. На попознатите и ексклузивни плажи може да чини и повеќе.

Ако сакате некоја вечера или крстарење, тоа ќе ве чини околу 60 евра.

За гиро треба да одвоите 7 евра, додека за просечна вечера 40 евра.

Ако правите или пренесете нешто недозволено, ќе си платите казна.

Коментирај