Ако ги прави овие 12 работи тој вистински ве сака!

0
1905

Врските дефинитивно не се толку едноставни како што изгледаат во холивудските филмови. Пеперутките во стомакот и страста не траат вечно. Романтичните вечери под ѕвездите се заменуваат со гледање телевизија на каучот, а вечното разбирање е невозможна мисија.

Не постојат совршени врски, но секој од нас сака да се сретне со личност која ќе не надополни,  ќе не направи среќни и најважно од сè вистински ќе не љуби. Како што запишал Аристотел: „Љубовта е душа во две тела“.

Ако вашиот партнер ги прави овие осум работи, имате среќа, бидејќи сте пронашле личност во чие срце сте единствената:

1. Ги исполнува своите ветувања, без разлика што и да се случило.

2. Ги почитува вашите пријатели и семејството.

3. Не се плаши од вашиот успех туку ќе биде горд што го споделува својот живот со таква убава и успешна жена.

4. Сака да помине време со вас, наместо постојано да излегува со неговите пријатели.

5. Кога сте вознемирени ќе ве ислуша и ќе се обиде да ви помогне. Секогаш можете да се потпрете на него во тежок период.

6. Секогаш ве прашува и заедно одлучувате за нешто што е поврзано со вас.

7. Ги прифаќа сите ваши недостатоци и не сака да ве промени.

8. Сака да планира со вас за вашата заедничка иднина.

9. Се грижи за вашето здравје.

10. Ги поддржува вашите соништа и цели кои знае дека ќе ве направат среќни.

11. Ги помни малите детали  кои се навистина важни за вас.

12. Секој ден тој не престанува да ви кажува и докажува со своите зборови и постапки дека ве сака.

Коментирај