Ајде бизнисмени, зар ќе дозволите ваков РК ВАРДАР да пропадне! Пик Сегед на колена, Келн е блиску!

0
1224

Голема како карпа победа на РК Вардар во првиот 1/4 финален меч од Лигата на шампионите во ракомет.

Вардарци пред преполната арена во Скопје во СЦ Јане Сандански со 31-23 го победи унгарски Пик Сегед и со +8 ќе патува на реваншот.

На полувреме Вардар имаше предност од 14-12, а во продолжение следуваше нова серија по која „црвено-црните“ дојдоа до предност од 25:21.

Потоа следуваше фуриозен финиш на Вардар предводен од прекрасната публика и атмосфера. До крајот „црвено-црните“ постигнаа шест гола, а гостите само два за конечни 31:23.

Карачиќ беше МВП на мечот со 8 гола, Криштопанс даде 7, Скубе даде шест. Голманот Милосављев имаше десет интервенции.

Реваншот се игра на 5 мај во недела.

Коментирај