АХМЕТИ СЕ ПЛАШИ ОД РЕФЕРЕНДУМ: Лидерот на ДУИ стравува дека референдумот може да пропадне поради „разни надворешни влијанија“

0
1181

Лидерот на Демократската партија за интеграција Али Ахмети на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија истакна дека нивниот став да не се оди на референдум е таков бидејќи референдумот може да пропадне од разни надворешни влијанија кои би манипулирале со граѓаните со моќни патриотски фрази.

– Се уште има сили водени од геостратешки интереси кои може да манипулираат. Не сите ја сакаат иднината и мирот во Македонија. Во регионот има групации кои не и сакаат добро на Македонија, рече Ахмети.

Ali-Ahmeti-Samo-Vistina

Доколку референдумот биде успешен, Ахмети очекува дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени.

-Ако референдумот биде успешен, а треба да биде, подобро ќе биде опозицијата да гласа за уставните промени кои мора да се случат. Ако опозицијата не учествува во ваков процес и секоја постапка против е како да одат против волјата на граѓаните, рече Ахмети.

Коментирај