Ахмети: Ќе разговараме за натамошните чекори за формирање влада и конституирање на парламентот

0
718

Пред почетокот на централното претседателство на ДУИ во тетовска Мала Речица претседателот на партијата Али Ахмети во изјава за медиумите посочи дека на состанокот ќе се зборува за актуелната политичка состојба и надминување на политичката криза со цел, како што рече, побрзо да се формираат државните институции, бидејќи ескалирањето на состојбите не му оди во прилог никому.

Тој посочи дека на состанокот ќе се зборува и за натамошните чекори околу формирањето на владата и уставните можности за конституирање на парламентот.

– Никој во оваа држава не треба да предизвикува страв, ни како политичка партија, ниту како индивидуа. Сите треба да покажат одговорност за надминување на кризата. Ова е политичка криза и таа треба да се надмине со политички средства, а не со плашење или протести, рече Ахмети одговарајќи на новинарско прашање дали, со оглед на тоа што долги години бил во коалиција со Груевски, граѓаните треба да се плашат од негови чекори во правец на можно поголемо ексалирање на состојбите.

Во однос на можноста за конституирање влада и парламент во овие околности Ахмети рече дека за овие состојби ќе се консултираат со сите можни експерти и дури потоа ќе донесат чекори и заклучок како ќе постапат понатаму.

Коментирај