Ахмети ги откри условите за претседателските избори

0
163

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на гостување во емисијата Клан Дебата на ТВ Клан Македонија кажа дека на следните претседателски избори кои треба да се одржат ќе побараат консензуален претседател.

На прашање дали на претседателските избори ДУИ повторно ќе игра на картата на консензуален претседател Ахмети изјави дека тој е нивен став кој го објавиле и ке го бранат.

„Секако ова е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ке го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – рече Ахмети.

Ахмети исто така кажа дека веќе има и имиња за консензуален претседатен но се уште е рано да се збори за тоа.

„Секако дека може да зборуваме и со имиња, но сеуште е рано за тоа“, рече Ахмети.

Коментирај