Ахмети бара народот да не одлучува: Референдум за името би можело да го комплицира процесот!

0
607

Решението побргу ќе се постигне со ратификација на договорот за името во парламентот, а евентуалниот референдум може да го комплицира процесот – смета лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој ова им го посочил денеска на европратениците Виктор Боштинару, Тања Фајон, од групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, како и Тонино Пицула, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент.

-Групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент изрази целосна поддршка на агендата на парламентарното мнозинство и реформската влада ставајќи се во целосно располагање за да ѝ помогне на Македонија и регионот. Ахмети ја поздрави подготвеноста на европратениците и рече дека периодот што претстои пред нас е одлучувачки не само за Македонија туку и за регионот – соопштија од ДУИ по средбата.

Ахмети рекол дека компромис за решавање на спорот за името треба да се постигне сега почитувајќи ги карактеристиките на страните и размислувајќи за заедничката иднина во евро-атлантското семејство.

Ахмети исто така ги уверил гостите дека спроведувањето на системските реформи во земјата нема да запре и изрази уверување дека опозицијата ќе учествува во овој процес за доброто на граѓаните.

Коментирај