Магазин
Забава Ах, кога младоста би знаела а староста би можела- француски мудрости

- Љубовта е единствената болест од која не сакаме да оздравиме!
- Денот без вино е како ден без сонце.
- Цената брзо се заборава, квалитетот е она што останува.
- Љубовта прави да поминува времето, а времето прави да поминува љубовта.
- Жената љуби кога сака, мажот кога може!
- Младоста живее од надежта, староста од спомените.
- Сè ќе помине освен доброто што сте го направиле.
- Жената е како загатка престанува да им се допаѓа на мажите кога ќе биде одгатната.
- Оној кој умее да чека, со време сè ќе дочека.
- Малите потоци прават огромни реки..
- Дочекајте ја ноќта за да кажете дека денот бил убав.
- Во вистинската љубов душата го сака телото.
- Тројца можат да чуваат една тајна ако двајца од нив се мртви.
- Бог нас често не посетува, но повеќето од нас не сме дома.
- Пријателство е љубов без крилја.
- Кога славата доаѓа, меморијата си заминува.
- Мислете што сакате, говорете што морате.
- Чуда се случуваат само со оние кои веруваат во нив.
- Минатото е најдобриот пророк на иднината.
- Богатството се добива со пот, се чува со страв и се губи со тага.
- Ако сакате да бидете среќни, мора да живеете скришно.
- Кој е господар на својата жед тој е господар на своето здравје.
- Ако не можете да гризете, не ги покажувајте вашите заби.
- Сета човечка мудрост треба да се сумира во два збора: чекај и надевај се.
- Не постои толку мека перница како мирната совест.
- Ах, кога младоста би знаела а староста би можела.
- Како може да имаме толку многу интелигентни деца а толку многу глупави возрасни.
- Бракот е лотарија во која мажите ја вложуваат својата слобода а жените својата среќа.
- Парите се голема работа што ги прави луѓето ситни.
- За човекот треба да се суди по неговите прашања а не по неговите одговори.
- Старата љубов и старата страст секогаш се разгоруваат.
- Никој не е толку дарежлив како оние што немаат што да дадат.