Агуеро најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити

0
337

Серхио Агуеро се запиша во историјата на Манчестер Сити како фудбалер со најмногу голови за англискиот клуб.

Аргентинецот во победата против Наполи (4:2) синоќа во Неапол во 69.минута го постигна третиот погодок за својот клуб и стигна до својот 178. погодок во дресот на „Граѓаните“.

– Среќен сум поради ова достигнување, кое секако е по голема заслуга и на моите соиграчи, изјави Аргентинецот по мечот со Наполи.

Честитки за соборување на клупскиот рекорд стигнаа и од менаџерот Пеп Гвардиола.

– Агуеро сега е дел од историјата на Манчестер Сити. Тој е легенда на клубот. Привилегија е да се има таков играч во тимот, истакна предводникот на премиерлигашот.

Манчестер Сити со триумфот над Наполи обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Коментирај