И Аеродром кажа „НЕ“ за населување на мигранти: Доселувањето ќе значи намалување на платите, евтина работна сила и губење на работни места

0
756

Обединети под граѓанската иницијатива „Будење“ во општина Аеродром се спротиставуваме на идејата за населување на мигранти во нашата општина, ова денеска го изјави Марија Јакимовска од граѓанската иницијатива „Будење“.

-Да ја спречиме одлуката на владата на СДСМ за доселување на мигранти, бидејќи после тоа ништо нема да биде исто. Доселувањето на мигрантите ќе значи намалување на платите и евтина работна сила, губење на работни места, наместо за трошење на пари за изградба на училишта, градинки, игралишта и паркови, ќе се трошат пари на станови и куќи за мигрантите и помалку пари за платите и социјалната помош. Зголемување на криминалот и небезбедни градови, како и менување на демографската карта на градовите, затоа иницираме до советот на општината распишување на референдум по однос на ова прашање. Ќе собираме потписи за спречување на населување на мигранти, истакна Јакимовска.

Коментирај