Адвокатот Тортевски за Богоевски: Дали е кокаин или марихуана, казната е иста – една година затвор!

0
575

Познатиот скопски адвокат, своевремено и соборец на Богоевски од „Шарената револуција“, кој важи за еден од најдобрите кривичари во Македонија, Александар Тортевски преку својот Твитер му порача на пратеникот Павле Богоевски дека за овој скандал мора да си даде оставка, а надлежното обвинителство да отвори случај.

Како еден од најдобрите адвокати чија специјалност е кривичното право, Тортевски напиша дека без разлика дали се работи за 0,5 грама кокаин или 4,9 грама кокаин законски предвидената казна затвор е една година.

„0,5 или 4,9 гр.марихуана или кокаин, е исто. Најмалку една година затвор. Законите мора да се почитуваат додека важат. Во спротивно некој ќе ве убие и ќе каже дека ве еутаназирал бидејќи многу сте биле болни и нејќел да се мачите. Така што Пајо, ОСТАВКА ВЕДНАШ, А ДРУГОТО ВО ОЈО“- со овој твит го повика пратеникот Богоевски да си поднесе оставка.

Исто така во друг твит, адвокатот Тортевски порача дека има метод да се утврди дали пратеникот  Богоевски конзумирал кокаин преку метафоричен твит за случај во Словенија.

„Се сеќавате на една ептен јака женска што  беше министерка за внатрешни работи во Словенија? Е премиерот таму наложи испитување на примерок од косата на сите министри и се утврди дека е позитивна на кокаин. Си даде веднаш оставка. Сакам да кажам си има методи“-напиша на Твитер Тортевски.

Со ова адвокатот Тортевски индиректно му сугерираше на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да наложи испитување врз пратеникот Богоевски дали консумирал кокаин.

ИЗВОР: МАГАЗИН.МК

Коментирај