Адвокатот кој го брани босанскиот канибал се онесвести од неговото сведочење

0
4370

На сослушувањето на канибалот од Босна кој си ја уби и ја јадел сопствената мајка, сите присутни во судницата беа шокирани од пеколното и грозоморно сведочење на првообвинетиот, а неговиот адвокат се онесвести сведоштвото.

Истражниот судија има тешка задача да ги слушне страшните сведочења на 33 годишниот Сабахуди Велиќ , кој си ја заклал сопствената мајка , а потоа ја печел и со денови ја јадел . Тој тврди дека бил под црна магија.

Претходно канибалот го убил кучето и го распарчил неговото тело . За време додека раскажувал за кучето , тој се расплакал , но кога зборувал како ја убил мајка си , не покажувал емоции.

Тој раскажа дека пред да ја убие мајка си ја прашал дали е задоволна од него.

Таа му дала потврден одговор и се свртела. Во тој момент ја удрил со секира по тилот и ја убил . Локалните адвокати не сакале да го прифатат овој случај , а единствениот што го одредил судот , се онесвестил при раскажувањето на деталите за ужасното убиство.

Сабахудин остатоците од телото на мајката ги закопал низ дворот , каде со багер беа пребарувани и раскопувани. Тој е одвоен од другите затвореници во притворот , а оди во прошетка низ затворскиот двор само со полициска придружба.

Извор:taratur.mk

Коментирај