Администрацијата на Клинички: Или ќе има зголемување и на нашите плати или одиме на штрајк

0
416

Администрацијата и помошно – технички персонал вработени во рамки на клиниките во Кампусот Мајка Тереза денеска се сретнаа со синдикалецот Горан Беговиќ. Причината за средбата е нивниот револт од покачувањата на платите на медицинскиот кадар, а како што самите рекоа „ние сме заборавени“. Беговиќ ветил дека ќе ги носи кај министерот за здравство Венко Филипче, тие пак велат ако нема ништо ние ќе штрајкуваме.

Денешната средба беше неминовен чекор. Не може така како на пазар да се определуваат бројки за покачување на платите на медицинските работници, а ние кои сме алка во системот да сме заборавени, револтирано реагира лице вработено на Клиника, а кое е дел од помошно-техничкиот персонал.

Дека се важна алка во системот говори и фактот што лекарите, а и медицинските сестри не можат без овие лица.

Станува збор за болничари на пример. Па тој болничар треба да ми помогне со пациентот на пример кога го прегледува. Тука се шофери. Тие пак ги пренесуваат од една до друга Клиника пациентите. Тие што имаат ваква потреба најчесто се итни случаи. Замислете некој од овие да рече не сакам да ја извршам работата. Ќе се блокира системот, ќе има полседици по граѓаните, коментира доктор вработен на една од Клиниките.

Администрацијата исто со своја мака.

Јас како факултетски образован човек кој инвестирал во своето знаење, а цел живот работам во здравство, ќе земам помала плата од некои медицински работници како сестрите со средно. Секоја работа си има своја одговорност, вели административец од Интерни клиники.

Реакции има од медицинските сестри кои велат врз основа на што е направена проценката нив да им се зголемат платите за само 10 проценти.

Како тоа за едни има едно зголемување, за други друго. Ние како медициснки сестри и да ни ги зголемеа платите за 25 проценти како на докторите немаше да ги стигнеме, ако синдикалецот и министерот доктор се плашат од тоа, иронично говори една медицинска сестра.

Ова следи по одлуката платите на лекарите специјалсити да се зголемат за 25 проценти, а на медицинските сестри за 10 проценти.

Извор: лидер.мк

Коментирај