АБА Лига: Пери од Карпош Соколи МВП на 25.коло

0
518

Кошаркарот на Карпош Соколи, Кендрик Пери го доби признанието за најкорисен играч во 25.коло од регионалната АБА лига.

Американецот имаше одлично издание во синоќешната победа на „соколите“ над Задар. Тој за 35 минути поминати на теренот постигна 26 поени надополнети со шест асистенции, четири скокови и една освоена топка.

Пери собра вкупно 30 индексни поени, еден повеќе од Борис Савовиќ од Будуќност и два од Никола Ребиќ од Мега Лекс.

Коментирај