9 знаци кои покажуваат дека вашата врска не е сериозна

0
1912

Вљубени сте и во желудникот ви „летаат“ илјадници пеперутки, розовите очила ви се на очите и можеби токму тоа ви пречи да го „видите“ вистинскиот однос на партнерот кон вас и врската.
Постојат некои сигурни знаци кои што покажуваат дека дечко ви не ве прифаќа сосема сериозно, како што вие мислите. Кои се тие?

Поимот „посветеност“ не излегува ниту од неговата уста ниту пак се гледа во неговите активности
Вие никогаш не сте сигурни дали вашата средба ќе се одржи и никогаш не можете да се потпрете за било што на него. Не сте слушнале ниту пак да користи зборови со кои ќе се добие впечаток дека тој ви е посветен.

Вие не ги познавате неговите пријатели и семејството
Човекот кој ве сака и има сериозни намери спрема вас ќе брза да ве претстави на своите блиски. Но, вие сте невидлив дух за нив.

Работите се претежно физички
Секс, секс и само секс. Никогаш не разговара со вас длабоко. Тој не го споделува своето минато и неговиот секојдневен живот со вас.

Секогаш вие го барате
Кога еден маж е заљубен, тој ќе најде начин да ве побара и тоа по неколку пати на ден.

Плановите секогаш се случуваат во последната минута
Не се прашувајте зошто секогаш планирате нешто краткорочно. Тоа е затоа што вашето момче не е толку посветено како што мислите. Само човек со сериозни намери прави долгорочни планови, па макар и се однесуваат за на одмор.

Тој никогаш претходно немал долга врска
Од збор до збор разбирате дека вашиот партнер немал стабилна врска. Дали мислите дека сте страшно среќна жена, ако сте со него? Во почетокот не сфаќате дека всушност има причина што недостасува издржливоста во неговиот однос кон жените, но постепено разбирате дека проблемот не е во нив или во вас туку во самиот него.

Се среќавате само на исто место и во исто време
Веројатно води двоен живот и не сака вие да се мешате со него.

Вие не сте пријатели на Facebook
Тоа веќе е сериозен сигнал дека тој крие нешто од вас или ве крие вас од некого.

Вашите разговори се површни
За да постигнете повисоко ниво во вашата врска, треба да си разговарате едни со други. Треба да одлучувате проблеми заедно, да барате решенија, да правите планови, да го раскажувате минато и да мислите за иднината. Ако разговорите ви се сведуваат на она што ќе има вечерва во кино или каде ќе вечерате, врската дефинитивно ви е површна.

Коментирај