8 знаци кои покажуваат дека вашиот партнер не е моногамен

0
1095

На почетокот на врската, често е тешко да се види дали нашиот партнер е склон кон неверство. Нема потреба веднаш да се размислува за тоа. Но, важно е да се забележат знаците и сигналите кои покажуваат дали е моногамен или не е.
Кои се соодветните знаци на полигамијата и неможноста да се одржат интимните односи со само еден партнер?

1. Сè се врти околу сексот
Ако сексот има водечка улога, тоа е причина за црвено светло. Страста е убава работа, но кога е централна за врската, нешто не е во ред. Вашиот партнер не е заинтересиран за вашата личност, што ви се допаѓа, што е она што ви треба, не сака да води длабоки разговори со вас туку претежно сака само секс.

2. Ве држи на растојание
Карактеристично за луѓето неспособни за моногамна врска е дека тие се обидуваат да ги држат партнерите секогаш настрана од нивниот личен простор и интимен свет. За нив, физичката привлечност е на прво место додека емоционалната привлечност ретко се појавува. Дури и ако почнуваат да покажуваат знаци на наклонетост, тие се збунети и почнуваат да се повлекуваат, бидејќи се плашат од блискост.

3. Секогаш е многу зафатен
Тие немаат време за вас. Тие не ве ставаат најпрви во нивните планови. Овие мажи никогаш не се стремат да поминуваат повеќе време со партнерката, бидејќи имаат што да скријат, а и брзо им се здосадува.

4. Овие мажи се многу страстни
Ако човекот до вас е премногу сексуално и страстно расположен мора да имате едно на  памет. Сексуалноста и страста се прекрасна работа и се важни за врската, но само во рамките на границите. Ако забележувате преголем елан кон сексот, веројатноста на вашиот партнер да му се здодеете и да побара регулирање на неговиот сексуалниот глад на друго место, е многу голема.

5. Поминувате многу малку време заедно
Не го оправдувајте – тоа не е поради неговата работа или многуте обврски. Тој само си „расчистува“ време за други сексуални врски.

6. Важен му е неговиот изглед
Овие мажи се обидуваат да изгледаат добро. Нивниот изглед е од најголемо значење, бидејќи тие постојано заведуваат други партнерки, а не само вас.

7. Тајни
Тајните се дел од играта. Колку помалку знаете, толку полесно ќе биде да се скрие од вас она што не треба да го знаете.

8. Менување на расположението
Типично кај полигамните мажи се честите промени во расположението. На почетокот на врската, тие се воздигнуваат, се чувствуваат привлечни, весели, возбудени од новитетите на врската. Наскоро, сепак, ова расположение поминува кога ќе се појави друга жена во хоризонтот.

Коментирај