8-март во Македонија (вицови и афоризми): Каков поклон ми купи мојот романтичен сопруг?

0
468

Се насмеавте ли денес? Во пресрет на денешниот празник на жената еве неколку интересни вицови и афоризми поврзани со 8-ми март.

– Душо, со мажот на Анита, решивме да ви дадеме заеднички подарок за 8-ми март. – Што? – Вечерва нема да готвите. Со него ќе каснеме нешто надвор.

Се будат маж и жена утрото на 8-ми март. Жената, протегајки се слатко: – Ах, каков убав сон сонив – ти ми подари за 8-ми март бунда и дијамантски прстен! Што ли значи тоа? Мажот ја бакнува и ѝ вели насмеано: – Почекај, вечерва ќе разбереш! Вечерта жената се враќа порано од работа, готви свечена вечера, пали свеќи… Си доаѓа мажот и ѝ подарува убаво спакуван подарок. Таа отвора брзо и гледа книга „Соновник“.

8-ми март. Македонија. Мажот седи пред телевизорот и чита весник, а жената мие чинии. Одеднаш на мажот му текнува дека е 8-ми март и дека нема купено подарок. Без да запира со читање, вели: – Остави, душо, денес е 8-ми март, утре ќе си домиеш.

Си ја докажал љубовта на Свети Валентин! На 8-ми март од тебе се очекува материјална потврда.

Пред продавница, мажот и вели на жената: Срце, ајде влези овде, да си одбереш подарок за Осми март. Море, ако сакаш и два одбери си, не е проблем, јас плаќам. Идиоте еден, ова е продавница. Се за 69.

Разговараат директорот и шефот каде ќе ги пуштат жените за 8 ми март, и директорот вика: – Јас мојава ќе ја пуштам во Грција. Шефот вика: – Јас мојава ќе ја пустам во Охрид. Влегува чуварот Трпе и го прашуваат, ти кај ќе ја пуштиш жена ти за 8 ми март? – Директоре јас немам пари, сам ќе си ја е*ам.

Промоција: За секој маж што на жената ќе и купи тава за 8-ми март, подарок шлем.

Драга, што да ти подарам за 8-ми март? – Уф, не знам. – Не брзај, размисли си  имаш време до следната година.

За 8-ми март ќе купам многу цвеќиња и еден литар ракија, па нека сите жени бидат убави.

Осми март наутро. Таа се буду, оди кон вањата и слуша викање: Марш во кревет мори, сега ќе ти го донесам кафето.

Коментирај