8 мали нешта кои мажите секогаш ги забележуваат кај жените

0
522

Колку и да тврдат дека најважна им е душевната убавина, мажите секогаш  имаат одредени критики кон жените. Мажите ги забележуваат и најмалите детали кои можат да влијаат на нивниот прв впечаток за женскиот пол. Значи, додека се подготвувате за првата средба, задолжително посветете внимание на овие неколку работи. Не заборавајте – градите и задникот не се единственото нешто што вашиот кавалер ќе ги гледа.

1. Дури и Анџелина Џоли не би имала успех, ако се држи арогантно, надмено и цинично. Секогаш бидете пријателски настроени и не ги покажувајте вашите негативни црти уште во почетокот. Ова може да биде главната причина за прекин на вашите односи.

2. Ноктите поврзете ги со вашиот моден избор како уметност што ќе ве надополнува. Ноктите се нешто што не им прават впечаток само на жените туку и на мажите. Ако забележат дека не ги одржувате на посебен начин тие веднаш ќе  извадат заклучоци за вашиот карактер.

3. Финансиските можности. По стари непишани правила, мажот секогаш ја плаќа сметката. Во последно време, сепак, работите се променети и парите се еден од критериумите за изборот на жената. Не зборуваме за поседување на големи финансии туку за волјата да се направат тие финансии.

4. Присетете се само колку уверено изгледаат мажите кои слегуваат од најскапиот автомобил и располагаат со голема банкарска сметка. Оваа самодоверба се очекува и од вас. Израз на една силна жена, која го контролира својот живот и се справува со сите ситуации.

5. Стилот. Не зборуваме за задолжителни високи потпетици и фустан кој ги истакнува сите облини на телото. Секоја жена си има свој стил, кој се разликува од другите. Потрудете се да бидете уникатна и да направите впечаток уште при првиот поглед.

6. Социјалниот живот. По изгледот, мажот се насочува кон изучување на вашата суштина. Вашиот социјален живот зборува доста за самите вас. Мажите секогаш се импресионираат од жените кои се „центар“ на забавата на скромен и пристоен начин.

7. Одвојте време да го изберете вашиот најсоодветен парфем, со кој ќе импресионирате. И тука не е поентата тој да биде многу силен туку незаборавен. Таков кој ќе ги тера да си помислуваат на вас кога ќе го почувствуваат некаде по улицата.

8. Намерите за воздржување од секс се штетни за психичката и физичката состојба на жената. Но сепак разговорите за големо претходно искуство со други ги  збунуваат мажите и ги тераат да се откажат од вас. Скромноста пак, ги загрижува. Што е всушност најдобро во случајот? Обидете се да ја најдете златната средина и задолжително бидете умерени.

Коментирај