8 чекори за справување со пасивно-агресивни луѓе

0
811

За некои луѓе е многу тешко да ги изразат директно своите незадоволства. Еве само дел од начините на кои пасивно-агресивните луѓе се обидуваат да ја пренесат својата нервоза:
– одложување
– намерна неефикасност
– се обидуваат да обвинат некој друг
– правење нешто премногу доцна, кога веќе нема корист
– правење нешто лошо од кое нема никаква полза
– кажуваат „заборавив“ (а всушност не заборавиле)
– не се расположени
Се разбира дека сите овие работи може да немаат пасивно-агресивни намери. И тоа е предноста на овој вид на однесување. Луѓето можат да се однесуваат пасивно-агресивно делумно, бидејќи не е социјално прифатливо да се демонстрира гнев. Освен тоа полесно им е да се однесуваат пасивно-агресивно, наместо директно да пробаат да го решат проблемот. Понекогаш таквото однесување е навистина ефикасно – но ова е големо разочарување за околината.
Тешко е да се решат проблемите, кога постојано одредени луѓе се однесуваат пасивно-агресивно. Еве неколку начини да се справите со слично однесување.

– Посветете внимание на пасивно-агресивното однесување. Ова може да не биде лесно.
– Избегнувајте да учествувате во пасивно-агресивна игра. Не се обидувајте да го декодирате нивното однесување.
– Не пробувајте со ваши сопствени пасивно-агресивни тактики, малку е веројатно да проработат.
– Подобро е да бидете директни и да го прашате другиот човек (колку што се може попозитивно) дали има проблем.
– Спомнете дека според вас има некој нејасен мотив за ова негово/ нејзино однесување.
– Секогаш бидете спокојни. Чувајте ги емоциите под контрола, додека го сослушувате проблемот.
– Не очекувајте дека ќе можете да го промените начинот на кој се однесува другиот човек.
– Кажете и покажете на другата личност дека најдобар начин да комуницира со вас е директно а не преку пасивно-агресивни методи.

Коментирај