8.000 посетители на концертот на Андре Риу во еден глас ја пееја „Македонско девојче“

0
1032

Во тричасовното магично музичко патување со романтични валцери, музика од славните филмови и мјузикли, опери и оперети како „Несун Дорма“, „Маршот Радецки“, „Ода на радоста“ и „На убавиот син Дунав“, на секоја изведба на Андре Риу, посетителите постојано возвраќаа со огромен аплауз и искрени емоции, а голем дел од нив заиграа и валцер. Македонската публика, која според него е една од најмузикалните и најраспеаните, го испрати маестралниот Андре Риу со долги стоечки овации и во еден глас пеејќи ја „Македонско девојче“, песната со која тој го означи и крајот на оваа магична вечер.

Андре Риу во беспрекорно осмисленото шоу, со раскошната сценографија и костимографија, приредува фантастично доживување и допира до срцата на сите посетители исполнувајќи ги со прекрасни емоции. Настапот беше исполнет и со симпатични и шеговити моменти, а изведените песни беа доведени до ниво на совршенство. Андре Риу сака да раскажува приказни, да споделува животни фрагменти, да зборува за средбите со музичарите кои се дел од неговиот оркестар, Андре, едноставно сака да ги пренесе емоциите кои ги поседува.

Вчеравечер неговата музика на едно место обедини 8.000 луѓе, а Андре Риу и неговиот „Јохан Штраус“ оркестар беа медијатори помеѓу светот на класичната музика и човековата среќа.

Andre-Riu-MK

Коментирај