7 знаци на емоционалното изневерување

0
554

 

  • Непрестано се жалите од вашиот партнер– Најчесто ваквото жалење се одвива со муабетиве од типот: „Оној мојон копук, нашол некаква дроља на фејсбук и по цел ден си пишуваат глупости“. „Синоќа со 300 маки го натерав да си ги исече ноктите на нозете “. „Одма после првата партија заспива, а на мене ми се прави муабет“.
  • Мислете на друг човек додека сте со вашиот партнер– Во овој случај е пожелно да мислите на повеќе луѓе во исто време, бидејќи така можете да се оправдате со сонување за неостварената желба „Јас сум сама, а неколку обдарени црнци со стомачни, прават кругови околу мене и сексуално ми се закануваат“.
  • Почнувате да криете одредени работи и да чувате тајни- Почнувате со криењето на далечинскиот управувач и завршувате со криење на обетките, кои колегата на работа ви ги има поклонето за Св Петка. Колегата е најголемата тајна што ја чувате, а во телефон ви е запишан како Офелија Новата.
  • Го споредувате вашиот партнер со некој друг- Го споредувате со Офелија Новата и… да на Офелија и е поголем.
  • Мислите на друг за време на секс– Вашата мисла повторно одлетува кон долниот абдомен на Офелија Новата и се чудите зашто на вашиот колега му беше потребно толку многу време (цела една работна недела), да собере храброст и да ве потисне во WC.
  • Сакате да бидете на некое друго место а не дома– Сакате да бидете во беќарската гарсоњера на Офелија Новата и да се препелкате во битпазарската постелнина, додека Офелија моча и потпрднува у WC (што е со размери кои не дозволуваат во исто време еден да се*e, а друг да се бања).
  • Правите нешто што би ве извадило од кожа, ако го прави вашиот партнер– Едноставно почнувате да му водите инает додека на човекот не му дојде преку таквото, не си ги собере парталите, за потоа вие на раат да си ја викнете Офелија, бидејќи од хумани причини не сакате да троши на кирии, а башка тоа во вашето WC има доволно место за извршување на повеќе физиолошки активности и цивилизациски дострели, како например капењето.

Коментирај