7 трикови за да јадеме помалку … и да не гладуваме

0
427

Светот е полн со толку многу убава храна и често ни е многу тешко да и одолееме. Ова се неколку трикови со кои ќе ви биде полесно да јадете помалку.

1. Јадете со вилушка и нож. Така секој залак ќе ви биде одмерен, ќе јадете побавно и ќе можете да почувствувате кога сте се заситиле пред да се прејдете.

2. Не користете големи чинии бидејќи така примате многу повеќе храна.

3. Не гледајте телевизија кога јадете, зашто мозокот донекаде го поврзува гледањето на ТВ со храна … со што сакаме да кажеме дека дури и да не сте гладни вниманието ви е одземено и не чувствувате колку храна внесувате.

4. Никогаш не ставајте дополнително храна. Не сте гладни, само ви е вкусно и затоа сакате повеќе.

5. Не чувајте резерви од слатки нешта во некој шкаф дома, наместо тоа пополнете го со овошје, ореви, мед и сл.

6. Запишувајте си што јадете во текот на денот. Барем една недела! Така ќе видите колку многу непотребна храна јадете и зошто не можеете да го симнете вишокот на килограми.

7. Јадете само кога сте гладни. Повеќето луѓе се хранат од многу други причини, но не и затоа што се гладни – имено затоа што некој друг јаде, зашто им е досадно или едноставно затоа што им се јадете нешто слаткичко.

Коментирај