7 работи по кои мажите ја избираат својата жена

0
582

Девојките од мали сонуваат за својата свадба, својот фустан, како застануваат пред олтарот со својот сакан… И додека жените копнеат за бракот, семејството и децата, ова не важи за сите мажи. Многу од нив се плашат да се врзат и многу им е тешко да се одлучат да го легализираат својот однос. Еве некои од работите што мажите ги гледаат во жената пред да и понудат брак:

Надворешниот изглед
Колку и да сакате да биде поинаку, мажите се визуелни суштества и „пакувањето“ е важно за нив. За да станете негова жена, треба да му бидете „радост“ за очите, па дури и да му завидуваат другите луѓе. Затоа никогаш не престанувајте да се грижите за себеси а најмногу поради вашата самодоверба.

Компатибилност
Важно за мажот е да има жена која ги разбира неговите интереси и цели. Тој сака да се чувствува целосно компатибилен со неа за да може да биде сигурен дека нема да жали подоцна. Општо земено, жените се емотивни суштества и спонтани, додека пак мажите се рационални и сериозно размислуваат сè, вклучувајќи го и бракот.

Финансиската состојба и кариера
Времињата се променети и ретко кога можете да запознаете жени кои се само домаќинки. Господата се повеќе обрнуваат внимание на финансиската состојба и кариерата на својата партнерка, бидејќи сакаат да бидат сигурни дека семејниот буџет ќе биде стабилен. Треба да се има во предвид дека парите се една од најчестите причини за расправии.

Цели
Не девојки, не можете само да сакате да бидете „во брак“. Морате да му покажете дека имате и други цели во вашиот живот што сакате да ги постигнете.

Дали неговите родители ве „одобруваат“
Ако не им се допаѓате, а тој доаѓа од традиционално семејство, не очекувајте предлог за брак.

Колку сте внимателни
Мажите сакаат да имаат жена љубезна и грижлива. Тоа е сосема разбирливо, со оглед дека тие бараат и мајка на своите идни деца.

Колку добро се вклопувате во неговиот социјален круг
Повеќето мажи гледаат како нивните партнерки се однесуваат со нивните пријатели и дали се вклопуваат.

Коментирај