6 „токсични“ типови на партнерки

0
794

Разбирањето и хармонијата помеѓу паровите може да се постигне само со многу напори и компромиси. Среќните врски се создаваат благодарение на малите нешта, кои се од најголема важност. Една од најважните компоненти за среќна врска е довербата но и почитта помеѓу двете лица не го одминува првото приоритетно место.

Кои типови на партнерки се „токсични“?

Нарцис
На таквите жени не им треба љубов и хармоничен однос. Тие треба да ја галат својата
самодоверба, и вие сте совршена алатка за таа намена. За нив на прво место си се самите тие и пофалбите што ги добиваат. Таа ќе биде со вас, бидејќи и треба внимание и да ја потсетувате цело време како не можете да живеете без неа!

Премногу романтични
Најверојатно сака свадба на плажа со музичка придружба од симфониски оркестар, олтар покриен со цвеќе и бели гулаби… Таа сака живот како по филмовите, и ова може да биде многу мачно и фрустрирачки, бидејќи никогаш нема да можете да ја задоволите во целост! На овој тип на жени многу брзо можете да им се здосадите и да си најдат друг партнер кој повеќе ќе ги задоволува нивните потреби.

Жени со премногу ниска самодоверба
Тие вообичаено немаат идеја како да се справат со својот живот а тоа  дефинитивно е
лош знак. На само еден знак на отуѓување од нив тие веднаш започнуваат да бараат нов партнер.

Егоист
Таа е толку опседната со сопствените потреби и проблеми што ги има, што нема ни да и помине низ паметот дека веројатно страдате за нешто или не се чувствувате добро
понекогаш. И додека таа цело време има „добро“ оправдување за нејзините грешки, вие ќе бидете тој кој биде виновен за сè!

Вечната страдалница
Таа постојано се жали на сè, мисли дека е мизерна и зрачи со негативност. Да се биде со таква жена е големо оптеретување. Таа е тажна и нервозна скоро секогаш и бара некој кој цело време ќе се труди околу неа да и биде удобно.

Критичната
Нормално е вашата партнерка да ви го мисли доброто и понекогаш да ви дава забелешки. Но, кога постојано ве критикува колку сте се здебелиле, колку лошо сте се облекле, колку лоша е вашата фризура, колку лоша одлука сте донесле… работите нема да одат на добро. Овој тип на жени обично немаат самодоверба и ги „истураат“ нивните комплекси врз другите. Тие постојано ги критикуваат луѓето околу себе и не се способни да изградат нормална врска.

Коментирај