6 тајни според учењето Фенг Шуи

0
680

Направете ги овие ритуали во својот дом и веднаш ќе забележите промени!

1. Ослободете се од непотребните работи. Работите кои не ги користите повеќе од една година, носат негативна енергија и ја спречуваат појавата на просперитет и богатство во домот. Ако имате такви предмети во вашето живеалиште, ослободете се од нив што е можно побрзо.

2. Отстранете ја лошата енергија од себе. Истуширајте се, и истријте го вашето тело со сол. Солта е силен проводник на енергија и таа може да ги елиминира вашите негативни наслаги.

3. Отстранете ја негативната енергија од огледалата и мебелот. За да го направите ова, треба да ги фрлите сите предмети со пукнатини или скршени делови, дури и ако овие елементи се многу важни за вас. Огледалата исчистете ги со влажна крпа со кружни движења 9 пати во правец на стрелките на часовникот. Заедно со прашината ќе се елиминира целата негативна енергија.

4. Направете генерално чистење во куќата. Отворете ги сите прозорци и проветрете ги просториите, добро избришете ги ѕидовите, подовите и прозорците. Особено внимание обрнете на сите агли во собите и на местата пред вратите.

5. Прошетајте низ собите со ароматични стапчиња. Започнете од прагот на својот дом и продолжете да се движите во правец на стрелките на часовникот.

6. Во аглите на собите ставете малку сол. Солта целосно ја апсорбира негативната енергија. Ставете сол за период од три дена и потоа исчистете ја.

Коментирај