6 сигнали дека не треба да имаш секс со него

0
859

Нема ништо полесно од тоа да одлучите дека сакате да имате секс со некого. Но какви се знаците кои ви укажуваат дека ќе биде грешка ако го направите тоа?

Мислите дека повеќе ќе му се допаднете
Ако сметате дека сексот е начин за да му се допаднете повеќе на некој маж, тогаш ви советуваме да размислете повторно. Погрешно е мислењето дека по една страсна вечер чувствата ќе се променат.

Многу ретко се среќавате
Сте се виделе само 2-3 пати во неколку недели. Ако тој е постојано зафатен и неможе да најде време за вас, очигледно неговата желба да се гледате не е толку голема. Сексот со него нема да ги промени неговите чувства и нема да го натера да се гледа почесто со вас.

Тој не сака ништо сериозно
Уште на самиот почеток на вашите односите, тој јасно ви дал до знаење дека не бара сериозна врска, туку едноставно сака да се забавува. Вие, од друга страна, сакате да ги продлабочите односите со него и мислите дека сексот е начинот да го постигнете тоа. Грешка! Тој нема да ги промени плановите!

Тој е поранешен на твоја пријателка
Тој страшно ве привлекува и веќе си замислувате што би било ако ја поминете ноќта заедно. Не навлегувајте во овие непознати води, бидејќи ќе ги уништите односите со својата пријателка, а и тој ќе се чувствува непријатно да одржува врска со вас.

Алкохолот влијае
Алкохолот често доведува до неконтролирани желби. Би било најдобро да се воздржите од ваквите интимни доживувања, бидејќи можноста наутро горко да зажалите е многу голема.

Неговата листа со поранешни е многу долга
Кога ќе слушнеш маж да се фали со колку жени бил, сигурно не бара ништо сериозно. Воопшто не е добра идеја да се претворите во само уште една негова бројка. Освен тоа е многу поверојатно да успеете да задржите неговиот интерес, ако ги откажете страсните бакнежи, кои тој ви ги нуди.

Коментирај