6 работи што секоја жена треба да ги знае за тестовите за бременост

0
4317

Постојат илјадници тестови за бременост на пазарот но сепак знаете ли што е разликата помеѓу нив, како тие работат и кои го даваат најточниот резултат? Погледнете што сè треба да знаете за тестовите за бременост:

1. Сите тестови работат на ист начин
Има многу брендови на тестови, но вистината е дека тие работат ист начин: го мерат хормонот наречен човечки хорионски гонадотропин или hCG. HCG е во вашиот организам, дури и без бременост, но откако плодот ќе се имплантира и ќе  почне да расте, нивото на хормонот се покачува. Нивоата на hCG пониски од 5mlU/ml се сметаат за негативен тест за бременост и секое ниво повисоко од 25mlU/ml се смета за позитивен тест за бременост. hCG се мери во меѓународни единици на милилитар (mlU/ml).

2. Тестовите треба да се прават наутро
Дали некогаш сте размислувале зошто во инструкциите пишува дека тестот треба да се прави наутро? Тоа е така, бидејќи по неколку часа спиење, hCG се акумулира во урината која се чува во мочниот меур и е поконцентриран .  Сепак постојат и „почувствителни“ тестови кои се нудат на пазарот и не е од суштинско значење тестот да биде направен наутро.

3. Поскапите тестови не се поточни
Не треба да купувате супер скап тест, бидејќи тој не е подобар од другите. Сите тестови за бременост работат на ист принцип како што споменавме погоре, така што не мора да
давате вишок пари.

4. Вашиот лекар може да направи друг вид тест
Постојат тестови кои го мерат количеството на hCG преку крвта, а не во урината.

5. Здравствената состојба може да влијае на тестот
Некои лекови, обично оние кои се користат за плодност, имаат hCG и можат потенцијално да го зголемат нивото на хормонот во вашата урина доволно за тестот да има позитивен резултат без бременост. Друг редок начин да добиете лажен позитивен резултат е растројства на хипофизата или рак на јајниците кои исто така можат да предизвикаат зголемен hCG.

6. Верувајте на тестовите
Повеќето жени го повторуваат тестот неколку пати, без разлика дали е позитивен или негативен, бидејќи не веруваат на резултатот. Верувајте на тестовите. Ако имате 2 пати позитивен резултат, бремена сте!

Коментирај