6 работи кои никогаш не треба да и ги кажувате на една жена над 30 години

0
1188

Прво да почнеме со тоа, дека една жена никогаш не се прашува за нејзината возраст, но ако по некаква случајност ја знаете и таа е над 30, треба да си го држите јазикот позади забите за некои работи.

Кога мислиш да имаш деца?
Ова прашање е многу лично и секој сам одлучува за себе кога да се направи овој важен чекор во неговиот живот. А причините можат да бидат толку многу ..

Треба да користиш крем против брчки
Убавината е релативен поим и не се состои во тоа да изгледаш беспрекорно. И секој треба прво сам да се види во огледалото како изгледа па да коментира за некој друг.

Зошто го напушти? Ако продолжиш така, ќе останеш стара мома
Една жена не треба да се почитува по тоа колку години е и дали е спрема да остане со некого или не. Ако не се чувствува добро со еден маж, без разлика дали е на 20, 30 или на 50 години нејзино право и обврска е да си замине ако не е среќна.

Треба да почнеш да спортуваш
Сигурно жената знае што е добро за нејзиното здравје и форма, а што не. Значи нема
потреба од слични совети.

Добро би било во скоро време да си купиш стан, за да имаш за старост
Повеќето луѓе не се подготвени да прифатат дека по 30 години треба да се подготват за старост. Затоа не ја користете оваа реплика.

На твојата возраст можеби е подобро да одиш во ресторан, а не во дискотека
Досега никој не кажал дека има одредена возраст на која треба да се стави крај на дискотеките ….

loading...

Коментирај